УЕФА го заборавила тајниот документ во Истанбул, познат фудбалерот на сезоната

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, Кристијано Роналдо од Јувентус и столбот на одбраната на Ливерпул, Вирџил ван Дајк се финалистите за престижната награда на УЕФА.

Ван Дајк беше еден од најзаслужните за триумфот на Ливерпул во Лигата на шампионите но и за мртвата трка со Манчестер сити во Премиер лигата.
Аргентинецот ја освои златната копачка за најдобар стрелец во Европа и на Барселона и донесе нова титула во Ла Лига.

Кристијано Роналдо го предводеше Јувентус до осмата титула во низа во Серија А, а беше дел и од репрезентацијата на Португалија која триумфира на премиерното издание на Лигата на нации.

https://twitter.com/Iscoholic/status/1162330198643290115

УЕФА во средата направи невидена глупост за време на одигрување на Европскиот Супер куп помеѓу Челси и  Ливерпул бидејќи некој од челниците, на „Водафон“ Арената во Истанбул го заборавил документот на кој се гледа освојувачот на наградата. Тоа е Лионел Меси .

Според документот, Меси добил 252 поеи од гласовите од тренерите кои учествуваа во ЛШ и ЛЕ и претставниците на медиумите. На второто место се најде Ворџил ван Дајк со 224 поени гласови, а трет е Роналдо кој добил 181 поен.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот