УЕФА го смени системот на квалификации за СП 2022 за да избегне политички тензии

уефа/ EPA-EFE/LAURENT GILLIERON

Европа на Светскотко првенство во Катар 2022 година ќе биде застапена со 13 репрезентации, десет ќе обезбедат директен пласман преку квалификациите, а три селекции ќе обезбедат виза на Мундијалот преку баражите кои ќе се играат по нов систем.

Во квалификациите ќе учествуваат 55 селекции од Европа кои ќе бидат поделени во 10 групи, од пет групи ќе бидат со по пет селекции, а во останатите пет групи ќе има шест репрезентации.

УЕФА мислеше и на уште еден момент, сака да избегне политички тензии и поради тоа забрани одредени репрезентации да бидат во иста група.

Така репрезентациите на БиХ и Србија нема да можат да бидат во иста група со Косово, репрезентацијата на Русија нема да може да игра ниту со Косово ниту со Украина. Шпанија не може да биде во иста група со Гибралтар, додека Ерменија не може да игра со Азербејџан.

Жрепката за одредување на групите за квалификациите ќе се одржи на 29 ноември годинава, а жрепката за Мундијалот ќе биде во април 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот