УЕФА го смени форматот и местото на одигрување на финалето во ЛШ

twitter.com/ManCityUS

За прв пат во историјата, најсилното фудбалско натпреварување ќе заврши на начин што е препознатлив за кошарката во Евролигата.

Европската фудбалска унија (УЕФА) го смени форматот на натпреварувањето во Лигата на шампионите, за да може сезоната да заврши, по пандемијата на коронавирус, и го пресели финалето на елитното натпреварување од Истанбул во Лисабон.

Завршницата од Лигата на шампионите ќе се игра во португалската престолнина во малку поинаква форма, односно во форма на „Фајнал-ејт“ (најдобрите осум екипи).

Измените беа потврдени на видео конференција од претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, кој се обрати по состанокот на Извршниот комитет за иднината на европските натпреварувања.

Воодушевен сум затоа што успеавме да ги продолжиме скоро сите натпреварувања во нашиот спорт – рече започна Чеферин, потенцирајќи дека одложувањето на Европското првенство за 2021 година е храбра, но исправна одлука.

Потврдени се шпекулациите дека, за прв пат во историјата, најсилното фудбалско натпреварување ќе заврши на начин што е препознатлив за кошарката во Евролигата.

Исто така, беше сменет и градот домаќин на финалето, наместо турскиот Истанбул, каде состојбата со пандемијата „Ковид 19“ и натаму е сериозна и тешка, беше избран Лисабон.

Ова е направено поради фактор дека Португалците имаат два големи стадиони кои ги исполнуваат условите на УЕФА: „Да Луж“, каде игра Бенфика, односно „Жозе Аваладе“, домот на Спортинг.

На овој начин би се избегнало некои од клубовите да ја имаат предноста на домашниот терен.

Допрва треба да се одлучи што ќе се случи со дуелите кои претходат на ваквата завршница. Во прашање се реванш дуелите од осминафиналето во кои треба се сретнат Барселона – Наполи на Елиф Елмас, Манчестер сити – Реал Мадрид, Јувентус – Олимпик Лион и Баерн Минхен – Челси.

Тие ќе се играат на 7 и 8 август, но останува да се одлучи каде и кога ќе се одиграат мечевите.

„Фајнал-ејт“ ќе биде на програмата помеѓу 12 и 23 август, осум екипи ќе се преселат во Лисабон со четвртфиналните и полуфиналните дуели, ќе се игра само по еден натпревар.

Постои можност да се игра и пред публиката во август, доколку дозволи безбедносната состојба. Лигата на шампионите, а претходно и Купот на шампионите, никогаш не се играл во ваков формат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот