УЕФА го откри планот за ЛШ за наредната сезона

EPA-EFE ALESSANDRO DELLA BELLA

Европската фудбалска федерација го потврди распоредот за новото издание на елитното натпреварување.

Новото издание на Лигата на шампионите ќе започне подоцна од планираното поради пандемијата на коронавирусот но и бидејќи се уште не е завршена актуелната сезона.

УЕФА денеска потврди дека наредното издание на ЛШ ќе започне на 20. октомври, а финалето ќе се игра во Истанбул на 29. мај 2021 година.
Групната фаза ќе биде збиена од 20. октомври до 9. декември, а наредната година ќе се играат елиминациските фази.

Осминафиналето е предвидено да се игра од 16. февруари до 17. март, четвртфиналето од 6. до 16. април. Првите полуфинални натпревари ќе се играат на 27. април, а реваншите се закажани за 5. мај, додека финалето е на програмата на 29. мај и ќе се игра на „Ататурк“ стадионот.
Актуелната сезона ќе се доигра по скратен куп формат, ќе се игра по еден натпревар и тоа од 12. до 23. август во Лисабон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот