УЕФА го најавува историскиот меч Грузија-Македонија

фото: EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Се ближи денот (12 ноември 2020 година) кога нашата најдобра репрезентација ќе се бори за пласман на наредното Европско првенство. Македонската А селекција предводена од селекторот Игор Ангеловски се наоѓа на еден чекор од историски пласман на континенталните собири.

Европската фудбалска куќа ги најави финалните плеј-оф пресметки, а покрај Грузија-Македонија, за „билет“ на ЕП ќе се борат уште Унгарија-Исланд, Северна Ирска-Словачка и Србија-Шкотска.

Дуелот Грузија-Македонија ќе се игра во Тбилиси, победникот ќе игра во групата „Ц“ на Европското првенство заедно со Холандија, Украина и Австрија.

Јовановски: Доколку бидеме во прав состав, нашите шанси во Тбилиси ќе бидат и поголеми!

– Грузија се покажа како „тврд орев“ во последните неколку години, и ниту Данска ниту Ирска не можеа да постигнат гол во Тбилиси за време на квалификациите за ЕП 2020. Истото не можеше да го направи и Белорусија во октомвриското полуфинале. Грузија започна „како воз“, стекна водство, а потоа ги блокираше сите налети на противникот.

Македонија е на високо ниво откако за првпат во својата историја заврши на третото место во еден квалификациски циклус. Составот предводен од 37-годишниот Горан Пандев, стави крај на надежите на Косово во полуфиналето и воедно нема пораз на последните шест натпревари – се вели во кратката најава на УЕФА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот