УЕФА го казни Ибрахимовиќ поради соработка со обложувалница

Фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) го казни шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ со 50.000 евра за кршење на етичкиот кодекс на ФИФА и УЕФА, како ко-сопственик на брендот за спортско обложување Bethard.com со седиште во Малта.

Прописите на УЕФА забрануваат играчите да имаат финансиска корист од обложувалниците, а шведскиот напаѓач беше обвинет за кршење на тие правила.

Прекршениот напис се однесува на лица кои директно или индиректно учествуваат во обложувалници или слични активности поврзани со натпревари, или кои директно или индиректно имаат финансиски интерес за такви активности.

Ибра доби казна од 50.000 евра, а парична казна доби и неговиот клуб Милан, кој ќе мора да плати казна од 25.000 евра за овој прекршок.

Ибрахимовиќ сезонава во Серија А запиша 15 голови 19 настапи во дресот на „росонерите“. Поради повреда нема да биде дел од шведската репрезентација на Европското првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот