УЕФА ги зголеми паричните награди во ЛШ, Лига Европа и Конференциската лига

Најинтересна осминафинална двојка во ЛШ е ПСЖ - Манчестер јунајтед/Фото: EPA-EFE/LAURENT GILLIERON

Францускиот весник „Л`Екип“ објави дека во европските натпреварувања во новата сезона клубовите ќе имаат можност да добијат повеќе пари во однос на минатите години.

Лигата на шампионите, Лига Европа и новата Европска конференциска лига ќе бидат вистинска шанса за клубовите да заработат повеќе.

УЕФА ги зголеми паричните награди за победа или реми во натпреварувањата, но и за пласмани. Повеќе победи, повеќе бодови, воедно значат и повеќе пари.

Пласманот во групната фаза од Лигата на шампионите носи 15 милиони евра за секој клуб, што е за 390.000 евра повеќе од минатата сезона. Победа во групната фаза носи 2,8 милиони евра, а реми 930 000 евра. Пласманот во нокаут фазата носи 9,6 милиони евра, потоа 10,6 милиони евра за четвртфинале, полуфинале 12,5 милиони евра и пласманот во финалето 15,5 милиони евра.

Фото: EPA-EFE/Miguel A. Lopes/POOL

Иако Лигата на шампионите ќе има награден буџет поголем од минатата сезона, Лигата на Европа паѓа од 510 на 465 милиони евра. Сепак, тоа е подобар податок за клубовите кои ќе се натпреваруваат. Реформата на натпреварувањето се менува од 48 учесници на само 32, така што износот ќе биде пропорционално поголем.

Влегувањето во групната фаза носи дури 3,63 милиони евра, а претходно тоа беше 2,92 милиони евра. Победата носи 630 000 евра, а за секое реми клубовите добиваат дополнителни 210 000 евра. Лидерот на групата ќе добие дополнителни 1,1 милиони евра, додека победникот во Европската лига ќе заработи уште 8,6 милиони евра.

32 учесници во групната фаза на Конференциската лига ќе поделат вкупно 235 милиони евра. Скоро три милиони добива клубот кој ќе се пласира во групната фаза. Секоја победа носи по 500 000 евра, а секое реми 166 000 евра. Лидерот во групната фаза ќе доби уште 650 000 евра, а второпласираниот 325 000 евра.

Фото: EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

„Л’Екип“ тврди дека победникот во ова натпреварување ќе добие дури 8,9 милиони евра, што може да се смета за грешка, бидејќи таа сума е поголема од онаа што би му припаднала на победникот од Европската лига, која е посилна од Конференциската лига.

Во секој случај, УЕФА ги зголеми фондовите на наградите и се чини дека на тоа имаше влијание и обидот за формирање Суперлига, па првите луѓе на европскиот фудбал по секоја цена сакаат да ги задржат најголемите и најдобрите тимови во своите натпреварувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот