УЕФА ги отвора вратите за навивачите на Суперкупот во Будимпешта

epa07773886 Liverpool's Jordan Henderson (C) lifts the trophy as his teammates celebrate after winning the UEFA Super Cup soccer match between Liverpool FC and Chelsea FC in Istanbul, Turkey, 14 August 2019. EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Иако сè уште фудбалските стадиони во Европа се затворени за навивачите, УЕФА одлучи победниците во Лигата на Европа и Лигата на шампионите во Суперкупот да играат пред публика.

Оваа година Суперкупот треба да се игра на 24. септември во Будимпешта, а Европската фудбалска федерација одлучи за прв пат од затворањето на стадионите, да дозволи да има навивачи на трибините. УЕФА одлучи да овозможи 30 проценти од капацитетот на стадионот „Ференц Пушкаш“ да биде пополнет со навивачи.

Засега се познати само финалистите во Лигата на Европа, тоа се Интер и Севиља кои во петок ќе го одиграат големото финале.
Финалето во Лигата на шампионите ќе се игра на 23. август во Лисабон, а во него ќе се сретнат победниците од полуфиналните пресметки помеѓи ПСЖ-Лајпциг, односно Баерн Минхен-Олимпик Лион.

Видео на денот