УЕФА ги изненади екипите со 70 милиони евра, ќе се опарат и македонските клубови

УЕФА нема да покрене судски спор против германска пицерија/ фото: EPA-EFE/LAURENT GILLIERON

Европската фудбалска федерација предвреме ослободи 70 милиони евра наменети за екипите како компензација за учество на нивните фудбалери во репрезентативните активности во квалификациите за Европското првенство.

УЕФА се одлучи на ваков потег за да им помогне на екипите последно да се носат со финансиската криза која ја предизвика пандемијата на коронавирусот.

Исплатата на овие пари требаше да биде по завршувањето на дополнителните квалификации каде учествува и македонската фудбалска репрезентација со своите настапи во Лигата на Нациите. Македонија треба со Косово да се сретне во полуфиналето на плејофот од Лигата на Нации, но поради коронавирусот натпреварот е одложен и не се знае новиот датум.

Екипите чии репрезентативци играа во квалификациите и нема да играат во дополнителните квалификации ќе добијат 50 милиони евра, додека 17.7 милиони евра ќе бидат распределени на екипите кои играчи ќе настапат во дополнителните квалификации. Преостанатите 2.7 милиони евра ќе бидат распределени по завршување на квалификациите.

– Во овие тешки времиња многу екипи се соочени со финансиски проблеми. Наша должност е да се погрижиме клубовите да ги добијат своите пари што е можно побрзо – изјави Александер Чеферин, претседател на УЕФА.

И македонските екипи ќе добијат дел од парите , тоа се Шкендија и Вардар кои имаа по тројца фудбалери, Академија Пандев имаше двајца репрезентативци и Работнички кој има само еден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот