УЕФА дозволи враќање на навивачи на стадионите

УЕФА нема да покрене судски спор против германска пицерија/ фото: EPA-EFE/LAURENT GILLIERON

Европската фудбалска федерација дозволи враќање на навивачите на трибините во своите натпреварувања, а првите натпревари кои ќе се играат пред навивачи ќе бидат во Лигата на нации и тоа од 10. до 14 октомври.

УЕФА дозволи да има највеќе 30 проценти од капацитетот на стадионот, но оваа одлука се однесува само за тие земји кои дозовлуваат навивачи на трибините.


– Веќе 27 земји дозволија навивачите во одредена бројка да се вратат на трибините. Во овие тешки времиња важно е да се донесе нова надеж и страст во животите на фудбалските фанови и да ги повикаме да се однесуваат одговорно, да ги почитуваат хигиенските мерки поради нивното здравје но и здравјето на останатите навивачи – изјави претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот