УЕФА: Дисциплинска постапка против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус!

Оваа одлука најверојатно ќе почне да се применува од идната недела, кога стартува новата сезона во европските купови/Фото: EPA-EFE/LAURENT GILLIERON

УЕФА објави дека покренала дисциплинска постапка против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, три клуба кои сè уште не се повлекле од Суперлигата.

Од 12-те основачи на Суперлигата, девет клубови се повлекоа, но овие три великани одбија и сега се соочуваат со казна.

– Како резултат на истрагата на етичките и дисциплински инспектори на УЕФА за таканаречениот проект Супер лига, отворена е дисциплинска постапка против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус за потенцијално кршење на законската рамка на УЕФА. Дополнителни информации ќе бидат достапни во догледно време – се вели во соопштението на европската фудбалска организација.

Да потсетиме, претседателот на УЕФА Александар Чеферин претходно им се закануваше на клубовите со исфрлање од Лигата на шампионите.

– Кристално е јасно дека клубовите ќе треба да одлучат дали се во Суперлигата или се европски клубови. Доколку тие кажат дека се во Суперлигата, тогаш секако дека нема да играат во Лигата на шампионите. Доколку се подготвени да го направат тоа, тогаш нека играат во свое натпреварување – рече Чеферин.

Доколку остане во Барселона, Куман има листа за отстрел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот