УЕФА денеска ќе ги донесе овие четири одлуки

Шпанскиот весник „Onda Cerо“ пренесува дека Европската фудбалска федерација на денешниот состанок ќе донесе четири важни одлуки.

Пандемијата на коронавирусот го стави спортот во карантин, а тоа не го одмина ниту фудбалот. Сите европски лиги, освен турската, се суспендирани до април, но нивното завршување е неизвесно.

На денешниот итен видео состанок со сите земји членки, УЕФА ќе донесе четири одлуки според шпанскиот веникс “Onda Cero“:

– Европското првенство наместо ова лето, ќе биде одиграно во 2021 година.

– Сите суспендирани национални лиги ќе продолжат на 3. мај 2020 година, под услов пандемијата на коронавирусот да стивне.

– Сите лиги треба да завршат до 28 јуни годинава.

– Финалето на Лигата на шампионите ќе се одигра на 30 јуни 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот