УЕФА демантира дека ЛШ мора да заврши до 3 август

фото: ffm.mk

Поради пандемијата на коронавирусот продолжувањето на сезоната во европските фудбалски првенства се одложува, не може да се прецизира официјално со точен датум.

Претходно од германските медиуми беше објавено дека според претседателот на европската фудбалска куќа натпреварите од оваа сезона во ЛШ и ЛЕ мора да завршат до 3 август, но веднаш стигна демант.

УЕФА негираше дека мечевите од Лигата на шампионите и во Лигата на Европа треба да бидат завршени до 3 август, и покрај информациите од германскиот „ZDF“, каде што се цитира Александар Чеферин.

– Претседателот беше јасен да не поставува точни датуми. Најважно е здравјето на луѓето, а истовремено бараме решение во календарот да ги комплетираме сите натпреварувања. Моментно се разгледуваат опциите да се игра во јули и август, доколку биде потребно, а ќе зависи и од тоа колку ќе дозволат државните власти – велат од УЕФА.

Пандемијата на коронавирус доведе до прекин на спортот скоро во цела Европа, продолжувањето на сезоната во фудбалските првенства се одложува, не може да се прецизира официјално со точен датум.

Претходно Чеферин зборуваше за алтернативата до крајот на јуни да заврши сезоната, во спротивно истата ќе биде загубена, а сега е под знак прашалник е и продолжувањето на сезоната на почетокот од август.

Поместувањето на завршницата на двете најголеми клупски европски фудбалски натпреварувања можно е да донесе одложување и на новата сезона (2020/21), како и репрезентативните настапи во Лигата на Нациите.

Потсетување дека за наредната година е одложено Европското првенство каде што се надеваме дека ќе се најде и најдобрата македонска репрезентација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот