УЕФА даде „зелено“ светло: Аталанта се враќа во Бергамо!

Фото: Твитер

Фудбалскиот клуб Аталанта потврди дека натпреварите од Лигата на шампионите во сезоната 2020/21 ќе ги игра на својот стадион во Бергамо.

Комисијата на УЕФА му даде дозвола на италијанскиот клуб за одржување на натпреварите на „Гевис“ стадионот кој има капацитет од 21.300 места.

Аталанта во групната фаза од Лигата на шампионите е во група со Ливерпул, Ајакс и Мидтјиланд.

Првиот меч клубот од Бергамо ќе го игра на 27 октомври против холандскиот великан Ајакс.

Потсетување дека минатата сезона мечевите во ЛШ оваа екипа ги играше на „Сан Сиро“ во Милано и стигна до четвртфиналето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот