УЕФА даде дозвола: Црвена звезда со навивачи против Милан!

Фото: EPA-EFE/Alex Grimm/POOL

Белградските „црвено-бели“ со нетрпение го очекуваат дуелот од 1/16 финалето Милан во Лига Европа, но и почетокот на пролетната сезона во Суперлигата и Купот на Србија.

Како што официјално информираат од српскиот клуб, европската куќа на фудбалот одобри максимум 30% од капацитетот на стадионот да биде пуштен во продажба.

Се чека на можна нова одлука на Кризниот штаб на Владата на Република Србија. Организацијата на натпреварот во голема мера е започната и затоа клубот ја известува јавноста:

– Сопствениците на сезонски билети за тековната сезона ќе имаат приоритет при купувањето билети за натпреварот со Милан. После нив, приоритет при купувањето ќе имаат членовите на клубот (стандард, јуниор плус, како и платени јуниор членови од 1.1.2021).

Бројот на можни достапни места ќе зависи од расположливиот капацитет на стадионот, по одлуката на Кризниот штаб. Ги покануваме и ги потсетуваме навивачите кои не ги обновија членарините да го сторат тоа во следните неколку дена за да можат да го добијат посакуваниот билет за овој спектакл. Со овој потег, клубот сака да им се заблагодари на најверните навивачи, кои се со Звезда и во овие тешки моменти – соопштуваат од ФК Црвена звезда.

Дуелот од 1/16 финалето во Лига Европа помеѓу Црвена звезда и Милан ќе се одигра на 18 февруари во Белград со почеток од 18.55 часот. Реваншот е во Милано на 25 февруари на „Сан Сиро“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот