УЕФА: 30 екипи заработиле колку и сите останати во Европа

Во извештајот на Европската фудбалска федерација за 2018 година стои дека најголемите 30 екипи заработиле исто колку и 682 клуба заедно.

Во извештајот се најведува дека 712 екипи од најсилните лиги во Европа заработиле вкупно 21 милијарда евра, што е за 20 проценти повеќе во однос на минатата година.
сепак, се наведува дека клубовите од Англија, Германија, Шпанија, Франција и Италија заработиле 75% од вкупната сума, а само 30 клуба заработиле 49% од споменатите 21 милијарда евра.

Според извештајот, клубовите за плати на своите фудбалери но и вработени издвојуваат 64% од приходите, а 35 клуба за плати даваат 100 милиони евра или повеќе.

„ УЕФА внимателно ќе го следи овој тренд бидејќи уште една година на силен раст на платите во 2019 година може дополнително да влијае на оперативниот профит на екипите“, стои во извештајот.
Трансферите не се вклучени во овие податоци за приходите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот