Удрил во велосипедист и побегнал: Скопјанец со тешки повреди пренесен на Клиника

Велосипедист сообраќајка фото Архива

35-годишен велосипедист од Скопје се здобил со тешки телесни повреди по удар од автомобил, а сторителот побегнал, соопшти полицијата.

Вчера во 18:30 часот било пријавено дека на крстосница на ул. 1 со ул. 2 во с.Бразда, Скопско, патничко возило „фолксваген пасат“, со непознати регистарски ознаки, удрило во велосипед, управуван од М.Н.(35) од Скопје, по што го напуштило местото на незгодата.

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Извор: МИА

Видео на денот