Удрил во моторциклист и пешак и побегнал

Засега непознат возач, кој управувал автомобил марка „сеат”, вчера во селото Подареш, Радовишко, удрил во моторциклист и пешак и им нанел тешки телесни повреди по што го напуштил местото на незгодата, соопштија од СВР Струмица.

Засега непознатото лице се движело со својот автомобил по улица во селото и одеднаш преминало да се движи по тротоарот по што удрил во мотоцикл „хонда”, кој бил застанат на тротоарот, и во моментот на него било лицето В.А. (65) и во пешакот С.М. (58), двајцата од село Подареш.

Повредените се пренесени на лекување во клиничкиот центар во Штип, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на возачот и возилото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот