Удрил старец во Козле па побегнал – полицијата трага по несовесен возач

Полиција / Фото: МИА

Во Скопје на ул.”Козле” вчера околу 19.50 часот возило, кое го напуштило местото на настанот, удрило во велосипед со мотор „томос” кој бил паркиран од Д.П.(72) од Скопје.

Д.П. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември”.

Извршен бил увид на местото на настанот, од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот