Удрен пешак на Рекорд (ФОТО)

Фото: Слободен печат/ Д.Митрески

Денеска околу 11.30 минути во строгиот центар на градот беше удрен пешак од страна на возило Голф со скопски регистарски таблички.

фото: Слободен Печат/ Д.Митрески

Според информациите кои ги имаме, станува збор за пешак кој улицата не ја преминал на пешачкиот премин и бил удрен од споменато возило кое немало време да реагира.

Фото: Слободен печат/ Д.Митрески

На повредениот човек, на помош веднаш му притрчале луѓето од локалните дуќани и во моментов се чека екипа на Брза помош да му даде соодветна нега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот