Удинезе го промовираше Несторовски (ФОТО)

facebook.com/UdineseCalcio1896/

Денеска како што и се најавуваше се случи официјалната промоција на македонскиот репрезентативец Илија Несторовски како ново летно засилување на калчолигашот Удинезе.

Претходно Удинезе само го потврди трансферот на Несторовски од редовите на Палермо, а сега е и презентиран споделувајќи ги импресиите во својот нов клуб пред јавноста, како и очекувањата за претстојната сезона.


– Шест години по ред постигнувам двоцифрен број на голови, така сакам да биде и оваа сезона каде што мојата цел ќе бидам да постигнам 10 погодоци. Исто сум имал и многу асистенции, знам како да се движам на терените и комуницирам со соиграчите, мојата улога останува како напаѓач – вели новиот фудбалер на Удинезе.

Своите голгетерски перформанси веќе ги покажува на пријателските натпревари, беше двоен стрелец во триумфот над нисколигашот Кјарлинс.

Додава дека ова е голем чекор за него, Босанецот Јајало (поранешен тимски колега од Палермо) и Хрватот Перица му помогнаа да се приспособи во новата средина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот