Удавен маж пронајден во базен

Фото: МИА

Во СВР Битола вчера во 17.49 часот било пријавено дека во базен во круг на фабрика на ул.„Орде Чопела“ во Прилеп бил пронајден удавен Г.М.(56) од с.Беровци, кој бил  ангажиран како чувар на објектот, информира МВР.

Од противпожарна екипа од Прилеп  телото било извлечено, а од доктор од итна медицинска помош Прилеп извршен е преглед и констатирана е смрт без траги на насилство.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа на Полициска станица Прилеп, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот