УДАР во тајност – Војската на САД извршила напад на Иран

EPA-EFE/SHAWN THEW

Војската на САД извршила сајбер напад на компјутерските системи на иранската армија откако американскиот претседател, Доналд Трамп се откажал од плановите да се изведе конвенционален воен удар на Иран за соборување на дронот на САД, соопштиле денес американски официјални лица.

Сајбер нападите се извршени со одобрување на Трамп, потврдиле две официјални лица, кои не сакале да бидат именувани, пренесуваат еспресо.рс.

Сајбер нападите, кои се планирани повеќе недели со растечката тензија, ги оневозможиле иранските компјутерски системи кои ги контролираат лансерите на ракети.

Тие додале дека метата на сајбер нападот е компјутерскиот систем на Иранската исламска револуционерна гарда, која администрацијата на Трамп ја означила како страна на терористичка група претходно оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот