„Учителот“ оди во пензија: Оскар Табарес 15 години беше селектор на Уругвај

Оскар Табарез доби отказ бидејќи Уругвај не е на добар пат да се пласира на Мундијалот во Катар/Фото: EPA-EFE/Raul Martinez

Легендарниот стручњак Оскар Табарес (74) е сменет на клупата на уругвајската репрезентација после полни 15 години, потврдија првите луѓе на тамошниот фудбал.

Табарес ги водеше Уругвајците на вкупно 224 натпревари, а со таа јужноамериканска селекција стигна до полуфиналето на Светското првенство 2010 во Јужна Африка, а воедно ја освои титулата континентален шампиони на „Копа Америка“, една година подоцна.

Претходно имаше уште еден мандат како уругвајски селектор помеѓу 1988 и 1990 година, а исто така ја тренираше и младинската репрезентација на својата земја.

На клупски план ги тренираше екипите на Данубио, Бока, Велез, Каљар и Милан.

Најдолговечниот селектор на светот, кој го носи прекарот „Учителот“, доби отказ после слабите резултати во квалификациите за Светското првенство Катар 2022. Моментно Уругвај е на седмото место со 16 бодови и можно е да остане без пласман на Мундијалот.