Професорка спиела со 5 ученика, а пронашле и експлицитни снимки!

Фотографија: Facebook

Фиона Виоти (30) дала отказ во приватното училиште „Bishops Diocesan“ во Кејптаун. Професорката по историја и тренер по ватерполо ја пријавил 18-годишен ученик кој тврди дека имал афера со неа и дека таа му вршела притисок кога сакал да прекинат.

Тоа е случај од октомври кој дури сега искочил во јавноста.

„Тој во старт се согласил на се, но кога сакал да прекинат, станал жртва. Не сакала да го остави на мира. Прво му праќала пораки да дојде кај неа дома, но ја преминала границата и тој сакал сето тоа да престане. Бидејќи не сакаше да го остави на мира, отидовме кај директорот и се му раскажавме“, рекол родителот на детето.

Facebook

Пронашле и експлицитни снимки

Daily Mail пишува дека кога стигнале истражителите, откриле дека професорката спиела со најмалку уште 5 други ученика.

Инаку, се работи за едно од најелитните приватни училишта во Јужна Африка.

Откриено е дека учителката ги вежбала учениците од 2013 до 2019 година, а пронашле и нејзини експлицитни снимки кои се ширеле низ училиштето и на интернетот.

Фиона претходно се занимавала со манекенство, нејзините фотографии биле во познатиот магазин Sports Illustrated, а нејзиниот дедо бил директор на училиштето и исто така предавал историја.

Facebook

Сопругот: Се разведувавме

Против неа нема да се покрене дисциплинска постапка, бидејќи дала отказ пред аферата да излезе во јавноста, но како што пишуваат јужно-американските медиуми, тешко дека после овој скандал ќе добие работа во училиште. Исто така, учениците со кои спиела можат да ја тужат приватно.

Училиштето организирало терапија за учениците и семејствата откако скандалот излегол во јавноста. А психијатар посетува и Фиона, како што потврдил нејзиниот адвокат.

Сопругот вели дека по скандалот се развеле.

Facebook

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот