Учителка со симптоми на корнавирус: Училиште во Виена ставено во карантин

Наставничката неодамна престојувала во северна Италија и бидејќи кај неа се појавиле симптоми на новиот вирус наречен Ковид-19 е сместена во карантин.

Училиште во Виена е ставено под привремена блокада откако кај наставничка се појавиле симптоми на новиот коронавирус.

Наставничката неодамна престојувала во северна Италија и бидејќи кај неа се појавиле симптоми на новиот вирус наречен Ковид-19 е сместена во карантин. Полицијата донела одлука во карантин да биде и училиштето БГРГ Албертгасе.

Министерството за образование соопшти дека учениците и наставниците ќе бидат тестирани и додека не бидат познати резултатите од тестовите родителите не можат да дојдат да си ги земат децата.

Портпаролката на виенската полиција Ирина Штајрер изјави дека тестирањето е во тек, наведувајќи дека учениците „опуштено” ја примиле веста дека мора да останат во училиштето.

Исто така, привремено е ограничено и движењето на жителите во околината на училиштето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот