Училиштата и градинките во Гази Баба снабдени со сол и ризла доколку наврне снег

Училиштата и градинките се подготвени за справување со евентуалните врнежи од снег, информира градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски. Екипите на ЈКП „Гази Баба „007“ до сите образовни институции во надлежност на општината доставиле доволно количества на сол и ризла со кои доколку наврне снег ќе можат полесно да се расчистат приодите до влезовите на училиштата и градинките.
Формиран е Кризен штаб за координирање на активностите во зимски услови со што општина Гази Баба е подготвена за справување со евентуалните врнежи од снег. Изминатиот период ги посетив двата економски оператори кои се задолжени за чистење на снегот и направив контрола на нивната подготвеност. Од нив добив уверување, дека се подготвени брзо и енергично да се справат со снегот – вели Стефковски.