Учесниците на кошаркарскиот камп во Маврово успешно тестирани од Ковид-19

фото: kfsm.mk

Кошаркарите и кошаркарките, генерации родени 2007 и 2008 година, кои беа одбрани да бидат дел од кошаркарскиот камп во Маврово, ги поминаа тестирањата од Ковид-19 реализирани со помош на клиниката „Жан Митрев“ од Скопје.

Откако беше реализиран оној селективен дел, односно стручните тимови ги одбраа кошаркарите и кошаркарките кои ќе бидат дел од кампот на нашата федерација, во текот на изминатите два дена се пристапи и на реализација на здравствениот дел од уводната, селективна фаза на проектот „Заедно до 16“.

Согласно протоколот за работа на кошаркарските клубови при системот на КФСМ, за превенција и заштита од Ковид-19, со помош на приватната клиника „Жан Митрев“, вкупно 60 кампери во две возрасни категории, тренерите, лекарскиот и техничкиот персонал, учесници на кампот кој од 16 до 23 август ќе биде реализиран во Маврово, го реализираа задолжителниот тест за Ковид-19.

По увидот на комплетните резултати добиени од клиниката ,Жан Митрев“, кај сите учесници на кампот беа забележани негативни тестови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот