Ученик во Берлин позитивен на коронавирусот, цело одделение во изолација

Училиште Фото: Профимедиа

Само неколку дена по почетокот на новата учебна година, ученици од училиште во Берлин беа испратени во самоизолација, затоа што еден ученик е позитивен на новиот коронавирус.

Патем, новата учебна година во Берлин почна во понеделникот.

„Бидејќи заразениот ученик го испративме дома по еден час, и добро ја вентилиравме училницата, ризикот од инфекција е мал, но сепак постои”, објаснуваат од училиштето во Берлин-Целендорф и додаваат дека целата паралелка е во домашна изолација.

Во писмото до родителите се вели дека училишната администрација е во контакт со надлежната здравствени власти, кои ќе го повика секое засегнато семејство и дека треба да бидат во близина на телефон заради повик.

Укажуваат и дека е важно децата дотогаш да немаат контакт со други лица, но не е наведено за кој период е валиден и дали ќе бидат потребни тестови.

Во едно училиште во Берлин-Ноуклин, кај родител на ученик кој се вратил од одмор во странство е пронајдено присуство на вирусот.

Тој родител, како што беше најавено, помогнал во подготовките за новата учебна година и за време на нив имал контакт со осум други лица, наставници и домарот. Сите тие луѓе сега се во карантин, соопштија од училиштето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот