Ученик од кумановското училиште „Крсте Мисирков“ е позитивен на коронавирус, целото одделение е во изолација

Училиште Фото: Профимедиа
Ученик од прво одделение од кумановското основно училиште „Крсте Мисирков” е позитивен на коронавирус, соопштија денеска надлежните од училиштето. По препорака на стручните служби од Центарот за јавно здравје целото одделение и учителката се во изолација.

– Наставничката нè информираше дека првин родителот на ученикот бил тестиран во петокот, пред продолжениот викенд, покажан е позитивен резултат, потоа, за време на викендот се појавиле благи симптоми кај ученикот, било извршено тестирање, резултатот стигнал ден подоцна и се покажал позитивен. Во координација со Центарот за јавно здравје Куманово, известени сме дека превентивно, одделенскиот наставник и учениците од тоа одделение ќе мора да заминат во изолација. Наставата ќе ја продолжат онлајн-изјави директорот на „Крсте Мисирков”, Александар Јовановиќ.

Во ова одделение настава следеле 30 ученици, поделени во две групи по 15 првоодделенчиња. Наставата се следела со соодветни мерки, меѓу учениците имало и плексиглас паравани, но, превентивно по насоките на епидемиолозите и двете групи и наставничката морале да заминат во изолација од денеска.

– Би апелирал до родителите, до наставниците, до граѓаните, да внимаваме сите, учениците не се 24 часа на училиште, максимално да ги почитуваме мерките, здравјето на најмалите е на прво место, порача Јовановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот