Средношколка од Куманово со нож ранила соученик во училиште

Фото: илустрација

Ученик во кумановско средно училиште бил ранет со нож во тепачка во училиштето, соопшти МВР.

„На 17.11.2021 во 16.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека во болницата во Куманово со повреди од остар предмет бил однесен малолетник од Куманово. По преземени мерки било утврдено дека тој бил повреден во средно училиште од малолетна ученичка во училиштето, се вели во полицискиот билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот