Ученик избркан од училиште, им стискал сапун на другарите и им наплаќал за да си купи кебап и чипс

Неговата мајка рече дека се обидела да звучи сериозно кога и се јавиле од училиште, и подоцна кога дошол синот „го дочекала со насмевка од уво до уво“.

Тинејџер од Лидс од училиште е испратен дома откако е фатен како им продава по една доза од средството за дезинфекција за раце на своите соученици по цена од 50 пени, велат од неговото семејство.

Неговата мајка, Џени Томпкинс од Лидс објави фотографија од момчето како порано се враќа дома откако бил избркан од училиштето Диксонс Јунити Академи.

Во објавата на Фејсбук, таа вели дека е тешко да го дисциплинира синот кога „неговиот татко му вели дека е легенда“.

Од училиштето демантираат дека вратиле дома ученик бидејќи продавал сапун за дезинфекција на раце.

Некои корисници на Фејбук реагираа на постот, кој беше споделен над 130.000 пати и го пофалија момчето:

-Не можам да го обвинувам поради пазарната логика – напиша еден.

Друг се потсети на своите денови на училиште кога продавал цигари на парче за 1 фунта.

Неговата мајка рече дека се обидела да звучи сериозно кога и се јавиле од училиште, и подоцна кога дошол синот „го дочекала со насмевка од уво до уво“.

Инаку, момчето собрало 9 фунти од продажбата на дезинфициентот и сакал да си купи кебап и големо пакување Доритос.

Од неговото училиште соопштија дека не го „избркале поради продавање на средство за дезинфекција на раце, туку поради одделен и неповрзан инцидент спротивен на кодексот на однесување во Академијата“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот