Ученик дошол со сачмарка во училиште, сакал да се УБИЕ: Тренерот успеал да го спречи на ЕМОТИВЕН НАЧИН (ВИДЕО)

Фото: Фејсбук

Снимките објавени од надзорните камери во петокот го покажуваат драматичниот момент кога фудбалскиот тренер Кеанон Лав разоружал ученик кој на 17 мај во средно училиште во Портланд донел сачмарка.

Снимката, која КОИН 6 Њуз ја добиле од обвинителството, покажува дека Лав го земал пиштолот од 18-годишниот Анџело Гранадос-Диаз и го гушнал, додека друг учител брзо ја тргнал сачмарката. Никој не бил повреден.

https://www.facebook.com/watch/?v=949841885395335

Гранадос-Диаз ја признал вината за две обвиненија во врска со носење пиштол на јавно место на 10 октомври.

Според КАТУ 2, и обвинителите и адвокатот на обвинетиот се сложиле дека доказите сугерирале дека Гранадос-Диаз дошол во школо да изврши самоубиство, а не да повреди други. Пиштолот бил наполнет за едно пукање.

Лав прв ја раскажал приказната за средбата во мај. На конференција, Лав опишал како го видел Диаз со пушка и дека морал брзо да донесе одлука што да направи.

– Му го видов погледот на лицето, погледот во неговите очи, го погледнав пиштолот, сфатив дека тоа е вистински пиштол и тогаш моите инстинкти сами започнаа да работат – рекол тој.

– Скокнав по пиштолот, ги ставив двете раце на пиштолот… успеав да му го одземам – додал тренерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот