Учениците од Велес ќе учат за сајбер безбедност

Фото: МИА

Во текот на претстојната учебна 2020 / 2021 година во општинските основни и средни училишта на теритотијата на Општина Велес ќе се одржат едукативни работилници и предавања на тема „Влијанието на интернетот, односно сајбер безбедноста”, a кои ќе бидат  наменети за учениците, наставниците, како  и за вработените во општинската администрација.

Како што денеска информираат од Општина Велес, ова било договорено на вчерашната работна средба помеѓу градоначалникот Аце Коцевски и Методи Хаџи Јанев, бригаден генерал – командант на Командата за обука и доктрини при велешката касарна и Љупчо Стојков, прв офицер, главен наредник.

Меѓу другото, од двете страни беше афирмирана соработката и поддршката помеѓу институциите, потенцираат од Општина Велес.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот