Учениците од „Тихомир Милошевски“, пропуштените часови поради оштетениот кров, ќе ги надополнат на крај на учебната година

Учениците од основното училиште „Тихомир Милошевски“ од Ново Село, во општина Ѓорче Петров, втор ден губат часови како последица на невремето што пред два дена го зафати Скопје.

Откако во редакцијата на „Слободен печат“ пристигнаа фотографии на кои се забележува значително оштетување на покривот на училишниот обејкт, денеска за информација се обративме кај директорката на училиштето, Јагода Петковска.

– Децата се дома, затоа што во училиштето нема услови за одвивање на настава. Силниот ветер го однесе покривот. Во моментов работат екипи на фирмата „Лим Арт Дизајн“, и според нивните проценки би требало до недела кровот да биде готов. Работата ја отежнува и тоа што два дена немаме струја во објектот – вели директорката на училиштето.

Петковска немаше информација колкава штета направило невремето.

– Во текот на вчерашниот ден дојде осигурителна компанија која треба да направи проценка на настанатата штета. Се уште не знам точно каква штета направи ветерот, но покрај покривот, оштетен е и подот – додаде Петковска.

Таа посочи дека во училиштето се уште нема електрична енергија, а доколку во текот на денот се поправи електричната енергија, ќе им се јават на учениците утре да дојдат на настава.

– Наместо во оштетената училница, наставата може да се одржи во наставничката канцеларија, само да не губат децата многу часови – рече Петковска и додаде дека изгубените часови ќе ги надополнат, најверојатно со продолжување на учебната година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот