Учениците бараат алтернативни начини за организација на забава

Средношколците ја прославуваат матурата / Стокхолм, Шведска / Јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/Jessica Gow/TT *** SWEDEN OUT

Откако Комисијата за здравство даде зелено светло за организација на свадби по посебно утврдени протоколи, дел од полуматурантите и матурантите изразија желба, на своја рака, во текот на последната недела од своето основно, односно средно образование, да организираат прослави.

Групното организирање генерациска прослава на матура или полуматура, сепак, не соодветствува со протоколите за организација на прослави и свадби, според кои максимумот на присутни луѓе треба да биде 100. Но, дел од учениците се надеваат дека барем во рамките на сопствениот клас ќе можат да организираат некоја прослава.

– Кога веќе пропуштивме екскурзии, барем да се видиме во живо со соучениците во некој ресторан. Верувам дека тоа може сега да се организира, кога веќе има протоколи за свадби. Не знам како точно, но можеби училиштата можат да направат некаков распоред и сите класови во посебни групи да организираат некоја мала прослава –  вели за „Слободен печат“ матурантот Николај Василев од скопското средно училиште „Никола Карев“.

Покрај матурантите, и дел од помалите кои сега се полуматуранти, размислуваат за мала прослава во ресторан, а средствата за тоа планираат да ги соберат сами.

– Ќе имаме мала средба и ќе ја одбележиме полуматурата. Во ресторан, ќе се организираме, ќе собереме пари. Сите сакаме, бидејќи е спомен кој ќе остане во наредните години, сè што ќе остане од целото основно училиште до деветто одделение – вели за „Алсат“ полуматурантка од ОУ „Петар Здравковски Пенко“ .

Директорите на основните и средните училишта, засега не се огласија во врска со евентуална организација на матурска прослава.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот