Ученици во Грција добија бесплатни маски со големи димензии, пратката набавена со грешка

Фото: Твитер

Гигантски маски, што им го покриваат целото лице, добија дел од учениците во Грција, во рамките на програмата на Владата за бесплатни маски во сите училишта во висина од шест милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Во текот на вчерашниот ден, на социјалните мрежи во Грција, родителите објавија фотографии од нивните деца со маските.

Фото: Facebook
Фото: Facebook
Фото: Твитер
Фото: Твитер

Доцна синоќа од Генералниот секретаријат за јавно здравје од Министерството за здравство на Грција, објаснија дека димензиите за изработката на маските биле одредени од надлежните комисии според меѓународните стандарди, меѓутоа, се однесувале на големина на ткаенината пред да се сошие, а не на крајната големина.

– Формулацијата на оваа разлика меѓу почетната и крајната димензија не беше јасна, со резултат дел од дистрибуираните маски да бидат поголеми од предвиденото, соопштуваат од Секретаријатот за јавно здравје и додаваат дека точните димензии дополнително ќе бидат испратени до Централната унија на општини во Грција, која е надлежна за тендерот и  снабдувањето со маски.

Од Централната унија на општини во Грција соопштија дека побарале да запре производството и одново да започне кога ќе ги добијат новите димензии.

На почетокот на месецов, министерот за внатрешни работи на Грција Такис Теодорикакос соопшти дека за бесплатните маски се одвоени шест милиони евра, а надлежна за набавката и доставувањето е Централната унија на општини во Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот