Ученици од Аеродром во кампањата за борба против ракот на дојка и на простата

Ученици од Аеродром денеска се приклучија во кампањата за борба против ракот на дојка и ракот на простата што се одбележуваат во текот на октомври и ноември.

Децата им делеа флаери на минувачите пред трговскиот центар „Капитол” со порака „Здрави родители за среќно и безгрижно детство”, а за акцијата да има уште поголем ефект, тие со помош на полицијата ги запираа и возачите на кои им даваа совети за тоа како да го заштитат своето здравје и да ги превенираат овие болести.

На настанот присуствуваше и претседателката на здружението „Борка”, Биба Додева.

Октомври е месец посветен на борбата против ракот на дојка, кој се одбележува во целиот свет со цел да се сврти вниманието за ширењето на оваа болест, подигање на свеста за значењето на превенцијата и нејзиното рано откривање.

– Според последната процена на Меѓународната организација за истражување на оваа болест во 2018 година, ракот на дојка е регистриран кај околу два милиона лица во светот, од кои починале 600 илјади, соопштува Општина Аеродром.

Ноември е месец кога се обрнува посебно внимание на машкото здравје. Со почетокот на месецот започнува и „Мовембер” – акција што има цел да ги информира мажите за болестите што ги погодуваат. „Мовембер” се одбележува со симболично пуштање мустаќи.

Ова движење почнало во 2003 година преку невладината организација наречена „Мовембер фаундејшн”. Целта на акцијата е до 2030 година да се намали бројот на мажи за околу 25 отсто што прерано умираат. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот