Ученици и наставници од БиХ во домашна изолација откако ја посетија Италија

На возачот, кој по тродневен престој во Италија се пријавил во здравствена установа поради воспаление на грлото, му е земен брис и испратен е на анализа во Сараево.

Голема група ученици и наставници од Грачаница во Босна и Херцеговина, како и еден возач на автобус, кои минатата недела биле во посета на Италија, каде веќе починаа 11 лица од Ковид-19, ставени се во домашна изолација по одлука на жупаниските власти во Тузла.

На возачот, кој по тродневен престој во Италија се пријавил во здравствена установа поради воспаление на грлото, му е земен брис и испратен е на анализа во Сараево.

Потоа возачот, заедно со децата и наставниците е испратен во домашна изолација во траење од 14 дена, потврди денеска министерската за здравство на тузланската жупанија Дајана Чолиќ.

Мешутоа учениците не беа подложени на тестови бидејќи немале ниту еден симптом кој би укажал на евентуална зараза со коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот