Учениците од утре ќе можат да аплицираат електронски за упис во средните училишта

Деца со лаптоп
Деца со лаптоп/ Фото EPA/PAUL MILLER

За оптимизирање на процесот на уписи во средните училишта во државава, Министерството за образование и наука и оваа година овозможува дигитална услуга за електронско аплицирање.

-Аплицирањето нема да одземе повеќе од 15 минути. Пријавувањето на учениците ќе се врши преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk. Регистрација на системот нема да биде потребна и најавата ќе се врши исклучиво со корисничките сметки на schools.mk Упатството за логирање / најава во системот и пополнување на пријавата ќе биде поставено со линк на страната за логирање / најава, соопштува МОН.

За првото пријавување на учениците во конкурсниот рок, порталот ќе биде отворен од утре, 10 јуни 2023, во 10.00 часот. Учениците ќе може да ги пополнуваат своите пријави (апликации) заклучно со 21 јуни 2023 гнајдоцна до 15 часот, по што системот ќе биде затворен за онлајн-аплицирање од ученици.

Во периодот додека системот за аплицирање е достапен за учениците, тие ќе можат да прават ажурирање, измени и дополнувања на своите пријави и да имаат увид во вкупниот број на поени од успехот, без поените од дипломите.

Валидација на дипломите и внесување на поени од дипломите вршат комисиите од средните училишта.

Прелиминарната ранг-листа на запишани ученици ќе биде објавена на 22 јуни 2023 на веб-страницата на Министерството за образование и наука, односно на Е-услуги, најдоцна до 9 часот.

Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 22 јуни од 12 до 19 часот и на 23 јуни од 7 до 19 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот