Хрватска: Ученици кои до смрт претепаа професор, добија по 2-3 години затвор

Фото: Вараждин.хр

Во Жупанискиот суд во хрватскиот град Вараждин денеска беше изречена пресудата за случајот „Културана“ – во кој беше претепан професор од средно училиште, кој подоцна почина од повредите, јавуваат локалните медиуми.

Ивор Вујасиновиќ, Доминик Жнидариќ, Асја Горски и Иван Горски првично беа обвинети за смртоносните повреди од кои почина нивниот професор Нино Ченгиќ. Мотив за грозоморниот напад било тоа што професорот ги пријавил учениците дека не ги почитуваат антиепидемиските мерки.

Тие првично беа обвинети за „тешко убиство“, кривично дело за кое се предвидени најмалку десет години затвор, но во текот на постапката делото беше преквалификувано како „нанесување тешки повреди со смртни последици“. Учениците го собориле на земја професорот, го удирале со раце, нозе и дрвена палка, како одмазда затоа што професорот претходно повикал полиција и ги пријавил дека не ги почитуваат епидемиолошките мерки.

Откако полицајците, на кои не им ја отвориле вратата, си заминале, пријавените веднаш излегле од просториите на здружението, а првообвинетиот Вујасиновиќ со тупаница во главата го соборил Ченгиќ на земја и продолжил да го удира со раце и со нозе, како и со дрвена палка, заедно со останатите обвинети.

Во образложението на пресудата, Судот наведува дека според доказите, ударите не биле смртоносни.

Видео на денот