Ученичка од Сараево донела пиштол на час во школо, им го покажувала на другарите

Училница / Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Ученичка во Средното медицинско училиште во сараевската населба Бјелава денеска донела пиштол на час, по што директорот повикал полиција, јавуваат локалните медиуми.

Полицијата ѝ го запленила пиштолот на ученичката, а нејзината мајка била повикана на разговор.

„Директорката на училиштето ја известила полициската управа дека нивна ученичка донела на час гасен пиштол без муниција и го покажувала“, велат од полицијата, додавајќи дека девојката, чијашто возраст не се соопштув, им го покажувала пиштолот на другите ученици, а тоа го потврдиле полицајците кои дошле на повикот.

Училиштето официјално сѐ уште не се огласило за овој инцидент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот