Ученичка избоде двајца врсници и вработен во училиште во Британија

Четиринаесетгодишна ученичка е уапсена откако со нож повредила двајца ученици и еден вработен во училиште во Манчестер, објавија британските медиуми.

Инцидентот се случил утрово во училиштето „Co-op Academy“ во населбата Блекли, по што објектот бил привремено затворен.

Според полицијата на Голем Манчестер, во нападот биле повредени 14-годишна ученичка, 14-годишен ученик и 27-годишен член на училишниот персонал. Сите тројца биле пренесени во болница, а првичните информации укажуваат дека не се здобиле со потешки повреди.

Полицијата соопшти дека 14-годишната напаѓачка е уапсена под сомнение за тешко нанесување телесни повреди и се наоѓа во притвор. Според истрагата, вработените во училиштето реагирале брзо и успеале да ја совладаат ученичката пред пристигнувањето на полициските службеници.

Огромна толпа се собра пред средното училиште утрово кога училиштето влезе во карантин. Семејствата чекаа вести, а децата излегуваа од портите во групи и вознемирени, трчаа во прегратките на пријателите и на роднините.

За некои родители, првото нешто што го слушнале за инцидентот не било од училиштето, туку преку вестите, објавите на социјалните мрежи и пораките од други семејства. Една мајка рекла дека нејзиниот син веќе бил на пат кон дома кога добила потврда од училиштето дека сите се безбедни.

Од полицијата нагласија дека не се трага по други осомничени и дека во моментов не постои дополнителна закана за учениците и за заедницата.

„Разбираме дека ваков настан предизвикува загриженост кај учениците, персоналот и кај родителите. Нашите службеници ќе останат присутни во училиштето и околината за да обезбедат чувство на сигурност“, изјави главниот инспектор Џон Шилвок.

Истрагата за околностите под кои дошло до нападот е во тек.

 

15-годишен насилник влегол во училиште во Ченто и со нож избол врсник

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот