Учебната година ќе стартува на 1 октомври

Прв отказ поради одбивање вакцина против коронавирус во училиште во Хрватска./ Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Со 92 гласови „за“ и со ниту еден против, пратениците ја изгласаа потребата за носење на измените во законот за основно образование. Со овој закон, новата учебна година за учениците во основно образование ќе започне на 1 октомври.

Министерката за образование, Мила Царовска, образложувајќи ја причината за барањето овој закон да се донесе по скратена постапка, рече дека измените не биле од голем обем и сложени и дека со овие законски измени се обезбедува безбедно започнување на образовниот процес и за децата и за воспитниот кадар.

Пратениците со 100 гласови „за“ и ниту еден против ја изгласаа и потребата за носење на измените во законот за средно образование. Според министерката Царовска, законот се носи пред се за да може Владата да обезбеди план за учебната година во средните училишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот