Учебна година: Делчево е подготвено за онлајн настава во второто полугодие

Фото: mia.mk

Делчевската гимназија e подготвенa за старт на второто полугодие од учебната 2020/21 година. Директорот на гимназијата Љупчо Прачкоски информира дека нема промени во однос на наставата која и во второто полугодие ќе се реализира онлајн.

– Продолжуваме со онлајн наставата до крајот на учебната година, бидејќи поради пандемијата знаете дека законот не ни овозможува настава со физичко присуство. Ние сме целосно подготвени со тоа што во секоја училница, во секој наш кабинет, сега со новата опрема, со новите лап-топи ќе овозможиме секој наш професор максимално ги искористи сите ресурси во гимназијата да може ученикот да го приближи подобро до наставно-образовниот процес, рече Прачкоски.

Осовременувањето на условите во гимназијата, како што додаде, достигнало највисок степен поради што не очекува проблеми во однос на наставата и кај учениците кои имаа мали проблеми во првото полугодие.

– Речиси со сите ученици имаме воспоставено контакти и со ученици кои не беа во состојба да ја следат наставата поради одредени технички проблеми. Ние веќе ги снабдивме и со лап-топови и со таблети преку различни видови донации. За сите кои во првото полугодие имаа проблеми со интернет и тој проблем е решен, без разлика дали се работи за ученици од селата или градот, така што очекуваме да немаме проблеми во тој погледм додава Прачкоски.

Онлајн настава во Делчево во второто полугодие од учебната 2020/21 ќе следат над 400 средношколци.

Видео на денот