УБК користела стара опрема за прислушкување

Фото: Архива

Аудио диск системот “Верин” кој се уништуваше беше натоварен во комбе. Опремата за прислушкување “Најс-тракинг” беше натоварена во камион. Целото возило беше полно. Согласно техничките карактеристики, опремата “Најс” не се покажа како добра. Тоа беше нотирано и во комисиската констатација. Фиксната телефонија никогаш не беше приклучена на опремата “Најс”. Ова на серија прашања од екс министерката Гордана Јанкулоска го изјави Сашо Трајковски, сведок во случајот на СЈО познат како “Таргет-Тврдина”.

Тој објасни дека Комисијата за уништување не можела сама да одлучи која опрема треба да се уништи. Тоа, според сведокот, можел да го каже само Горан Грујевски.

На прашање на обвинетата Надица Николиќ, екс колешка на Трајковски, дали се сеќава дека во 2015 година тој видел дека на некој му дава лист со телефон за маркирање, сведокот рече:

– Не се сеќавам во 2015 година да сте давале ливче со впишан телефонски број за да се маркира.

Процесот продолжува со испрашување на сведокот од страна на другите обвинети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот