„Убивме 180 странски платеници“: Русите го потврдија нападот врз воената база кај Лавов

Фото: Укринформ

Портпаролот на руското министерство за одбрана, Игор Конашенков, денеска тврдеше дека 180 „странски платеници“ биле убиени во вчерашниот ракетен напад на руските сили врз воена база во близина на украинскиот град Лавов.

Украинските власти денеска соопштија дека во нападот, кој се случи на само 25 километри од границата со Полска и НАТО, загинале 35 војници, а ранети се 134 луѓе. Според гувернерот на областа, Максим Козицки, Русија истрелала преку 30 крстосувачки ракети врз воениот комплекс.

Конашенков денеска на прес-конференција додаде дека Русија „ќе продолжи со нападите врз странски платеници“ во Украина.

Центарот за воена обука се наоѓа на околу 50 километри југозападно од Лавов и на околу 25 километри од границата со Полска. Украинската војска низ годините го користеше воениот комплекс за заеднички вежби со армиите на земјите-членки на НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот