Убиството на ракометарот Денис Тот: Кривичен денеска со пресуда

Судење за убиството на Денис Тот/Фото: МИА

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да биде објавена пресудата за случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје на 7 април годинава.

За кривичното дело убиство, Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје обвини три лица: Анџело Ѓоргиевски (28), Клементина Левковска (19) и Андреј Костовски (19).

Во завршните зборови на рочиште пред десетина дена, обвинителката Тања Трајчевска, побара тројцата обвинети да бидат прогласени за виновни бидејќи, според неа, во судскиот процес се докажало дека тие го сториле кривичното дело за кое се гонеле.

Одбраната побара ослободителна пресуда бидејќи никој од обвинетите не ги задал ударите што биле фатални за хрватскиот ракометар, а обвинителството не докажало дека се исполнети „битијата“ за кривично дело убиство. Адвокатот на обвинетата Клементина Лефковска во завршните зборови рече дека таа била жртва на Тот и дека се бранела од неговото малтретирање.

Очевидец откри детали за убиството на ракометарот Денис Тот

Судски вештаци сведочеа за убиството на Денис Тот: Критична била повредата на `рбетниот мозок

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот