Убиството на Џорџ Флојд ја крена и Европа на нозе: Протести на солидарност со САД во Лондон и Берлин (ВИДЕО)

Фото: Screenshot/Twitter

Смртта на Џорџ Флојд предизвика лавина протести ширум САД и на виделина излезе бесот на јавноста поради расистичките предрасуди кои владеат во американскиот правосуден систем.

Повеќе стотици луѓе протестираа денеска во Лондон и Берлин во знак на солидарност со демонстрациите во САД кои избија откако почина Афроамериканецот Џорџ Флојд во текот на приведувањето во Минеаполис, во државагта Минесота.

Демонстрантите клечејќи на плоштадот Трафалгар во центрот на Лондон извикуваа „Нема правда, нема мир“, а потоа се упатија кон зградата на Парламентот и американската Амбасада.

Неколку стотици демонстранти протестираа денеска пред зградата на американската Амбасада во Берлин носејќи транспаренти на кои пишува „Правда за Џорџ Флојд“, „Престанете да не убивате“ и „Кој е следен?“.

Флојд почина во болница откако бел полицаец при приведување му го стави коленото на вратот иако тој повеќе пати му се пожали дека не може да дише.

Смртта на Џорџ Флојд предизвика лавина протести ширум САД и на виделина излезе бесот на јавноста поради расистичките предрасуди кои владеат во американскиот правосуден систем.

Протестите прераснаа во насилни во многу делови од САД каде демонстрантите палеа возила, кршеа излози и продавници, полициски и бензински станици, го блокираа сообраќајот, а полицијата одговори со солзавец и гумени куршуми.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот