Убиството кај Слупчане е извршено одблизу

Кумановски обвинители извршиле увид во село Слупчане, каде синоќа беа застрелани две лица.

Првичните информации се дека било пукано одблизу во автомобилот каде бил 47 – годишниот Ељхам Салахи од село Опае и неговиот осум годишен син.

Двајцата починале во возилото, а собраните докази од местото на убиството викано „Слупчански бунар“ како и трагите од терен ќе се вештачат дополнително, велат од ОЈО.

„Пронајдени се и подигнати поголем број испукани чаури преку чие вештачење се очекува да се утврдат битни факти во предметот. Ќе биде извршено вештачење и на возилото на кое се видливи повеќе траги од напад со огнено оружје. Издадена е и Наредба за вршење обдукција на телата на починатите“, велат од ОЈО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот